Иднината на Google е гласовно пребарување

во Веб

{mosimage}Google верува дека гласовното пребарување е нова форма на пребарување и е јадрото на нивниот бизнис, рече Вик Гундотра, подпретседател за инжињерство во Google, на Web 2.0 Expo во Сан Франциско. Тој додаде дека откако овој сервис бил прват стартуван на мобилните добил позитивен фидбек од корисниците, кои дури на почетокот го критикувале поради проблемите со препознавање на говорот и акцентот кој не е американско-англиски.

„Погледнете каде стигнавме. Ја имам предноста да гледам на дневните проверки на гласовите кои ги добиваме и е неверојатно. Работи. Стигна до врната точка. Ова се развива и развива многу, многу брзо и ние сме возбудени" рече г-дин. Гундотра кој додаде дека ова е технологија која се подобрува со повеќе користење.

„Го стартувавме на iPhone и имаме 15% скок на точност во пребарувањето,
затоа што колку повеќе луѓе го користат, толку повеќе податоци собираме и нашата точност се подобрува“ вели тој.

Интересно е што интернет гуруто Тим О’Рајли на Web 2.0 Еxpo во својата презентација го имаше гласовното пребарување како една од петте работи кои ќе го променат интернетот во иднината.

Еве за што се работи:



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments