Претпоставуваме дека порано или подоцна сте се нашле во ситуација каде барате безжична мрежа за да се конектирате и ве препливува бран од еуфорија кога ќе налетате на отворена или јавна Wi-Fi мрежа која не бара лозинка за конектирање и секој може да пристапи до неа.
Следниот пат кога ќе се случи таквото нешто, особено пред да се конектирате на таквата мрежа, размислете секунда и процесирајте ја следнава изјава: Отворени безжични мрежи се сон за секој сајбер криминалец!
Поради слаба безбедност од корисничката страна, хакерите можат да добијат пристап до системот, па дури и да ѕирнат во вашата приватност и чувствителни работни и финансиски податоци.

Според експертите, сè што треба да направите за да се уверите во ова е да инсталирате Wireshark и да се конектирате на отворена безжична мрежа. Можете да конектирате и друга направа на истата мрежа и да „вежбате“ шпионирање на самите себе. Еднаш кога ќе ја усовршите ваквата метода нема да се здобиете со хакерски сертификат, треба да сфатите дека ако вие со една алатка може да го направите тоа, запрашајте се што можат да направат луѓе кои имаат поголеми знаења и повеќе алатки… Во експериментирањето со Wireshark и на оваа тема имајте во предвид две работи, IT.mk не презема никаква одговорност од последиците на ваквото информирање и одредени врати тешко се затвораат откако еднаш ќе бидат отворени.







