Мет МкКеон, девелопер и истражувач во IBM, направи одлична визуелизација на како Facebook во рок од само 5 години ги откри личните информации и интересите на над 400 милиони корисници.
„Facebook e одличен сервис. Јас имам профил, и скоро секој што го знам и е под 60 години. Меѓутоа, Facebook не успеа да ги менаџира корисничките податоци како што треба. На почетокот, ја ограничи прегледноста на личните информации само на пријателите и нивната мрежа (колеџ или школо). Во неколкуте години, зададената приватност за корисниците стануваше се повеќе и повеќе попустливa. Тие исто, неколку пати променија како личните информации се класифицираат, понекогаш и збунувајќи ги корисниците. Ова е дел од намерата на Facebook да соработува, објавува и да заработи од социјалниот граф: масивна дата база на битија и линкови што покрива се од каде живеете до кои филмови ви се допаѓаат и на кои луѓе им верувате.“ пишува г-дин. МкКеон во блог пост.
Но, од друга страна иако Facebook ја истакнува приватноста, огромен дел од вината лежи и во корисниците. Дали сте ги прочитале условите за приватност?
Дел од податоците за визуелизацијата се МкКеоновата интерпретација на полисата за приватност на Facebook и од блог постот на Electronic Frontier Foundation.