Испринтајте си свои 3Д играчки со Tinkercad

Од секогаш ми било сон да создадам мој играчки, едно време тој сон го задоволуваа LEGO коцките, подоцна дојде денот да имам компјутер па да си дизајнирам свои едноставни форми. За среќа, денеска постои технологија за 3Д принтање кај што можете да си пратите дизајн да ви го испринтаат во физички објект. Иако постојат направи сам методи да си направите 3Д принтер, повеќето од нас не би вложиле во таков потфат.Тука можат да помогнат стартап фирми што принтаат три димензионални форми и ги праќаат насекаде низ светот.

Сега три од тие фирми се поврзаа со еден тим од Хелсинки што работи на Tinkercard, онлајн софтвер со кој можете да дизајнирате и моделирате едноставни, и некогаш покомплексни тридимензионални објекти, за потоа едноставно да ги запамтите и да ги пратите да се испринтаат преку некој од трите фирми за 3Д принтање. i.materialize, Shapeways и Ponoko се фирмите кои имаат неколку места низ светот за принтање, и зависно од тоа колку блиску се до вас, толку поефтино може да се фати да ви ги испорачаат објектите.

Преку Tinkercard можете и да ги експортирате вашите модели во STL формат, и да искористите друга компанија за 3Д принтање, а нормално можете и да користите специјализиран софтвер за 3Д моделирање и дизајн, и да им пратите покомплексни објекти на некои од овие компании да ви испринтаат. Преку Ponoko, за земји во Европа цената за испораката е околу 15 долари, без локални трошоци за данок. Или ако сте фанатик по Minecraft играта, можете делови од мапата да си испринтате преку Shapeways.

[youtube]KCaenAGeK_Q[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk