Angry Birds не се плашат од пиратите, тие им се „фанови“

Микале Хед од Rovio, студиото што стои позади играта Angry Birds што веќе стана модел за успешна игра за мобилните уреди, изјави за Guardian дека треба да се научи многу од музичката индустрија, посебно од лошиот начин како таа се справува со пиратеријата.

Веќе некое време одредени музичари, развивачи на игри или писатели мигрираат од ставот дека пиратеријата само штети на бизнисот, кон ставот дека тие што користат пиратски копии на музика, филмови или игри, само допринесуваат да се прошири фамата и да стане повеќе популарна, што индиректно функционира како еден вид на маркетинг.

„Зедовме нешто од музичката индустрија, што беше да престанеме да ги третираме корисниците како потрошувачи, и започнавме да гледаме на нив како на фанови. Тоа го правиме и денес: зборуваме за колку многу фанови имаме.“, вели г. Хед. „Ако ги изгубиме тие фанови, ќе го изгубиме и бизнисот, но ако го зголемиме бројот на фановите, и нашиот бизнис ќе порасне.“

Според Г. Хед, „бескорисно“ е да се справуваат со пиратеријата преку судовитe. Овој став го споделуваат се повеќе луѓе, посебно како реакција на неодамнешните драконски мерки за ограничување на слободата за интернет како на пример SOPA во САД или ACTA во Европа.

Angry Birds наскоро ќе се појави и на Facebook, поточно на 14-т февруари, и најверојатно ќе ја освојат и друштвената мрежа со својата армија од налутени птици како што тоа го направија на iOS и Android платформата.

„Нашите апликации веќе станаа канали, и ние ги користиме тие канали за да промовираме – да продадеме повеќе содржина. Содржината сама е претворена во канали, а традиционалниот начин на дистрибуција веќе не е доволен.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk