3 коментари 2 мин. читање

Apple стана број 1 продавач на PC-ja во светот, ако го вклучите и iPad

Благодарение на рекордните продажби, 5 милиони Mac компјутери и 15 милиони iPad-и во четвртиот квартал на 2011-та година, Apple сега е најголемиот продавач на PC-ја во светот, вели фирмата за анализа Canalys. Аpple сега има најголем удел од 17 отсто на PC пазарот, пред HP кој има 12,6 отсто.

Вкупно, пишува фирмата, во четвртиот квартал глобално се продадени околу 120 милиони персонални компјутери, односно десктоп компјутери, лаптопи, ноутбукови и таблет компјутери. Ова е пораст од 16 отсто споредено со минатата година. Но, ако се исклучат таблет компјутерите, тогаш пазарот би забележал пад од 0,4 отсто.

Може да се каже дека таблет компјутерите не треба да бидат вклучени во PC пазарот, но Canalys вели дека „таблет компјутерите не се само за конзумација, туку луѓето прават многу повеќе со нив. Бројот на апликации е зголемен и тие се повеќе се користат како бизнис алатки“.

Таблет компјутерите, или „падовите“ како што ги нарекува фирмата, може да бидат клучен фактор на PC пазарот во наредните 5 години и да го вклучат Amazon меѓу најголемите пет продавачи, бидејќи нивниот Kindle е еден од најпродаваните такви уреди.

Само Lenovo, од другите пет најголеми продавачи на хардвер, успеа да грабне поголем дел од пазарот. Acer, Dell и HP забележале помали продажби. Според аналитичарите, можно е новите и помоќни ултратенки лаптопи да го зголемат интересот на корисниците. Но, тука се очекува од Intel да претстави нови подобри процесори.

Дополнително, Microsoft со својот Windows 8 би требало да одигра важна улога на пазарот кој што очигледно започнува да зависи од таблет компјутерите. Новиот редизајниран oперативен систем ќе биде оптимизиран за таблет компјутерите и би требало да понуди конкурентно-на-iPad корисничко искуство.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top