0 коментари 2 мин. читање 1 септември, 2014

Eвропа планира да воведе електронска „лична карта“

Европскиот парламент минатиот месец ја донесе законската рамка со која се регулира е-идентификацијата, како и услугите за електронски трансакции. Кога е во прашање електронската идентификација, Естонија е една од ретките држави кои ја надминале теориската и веќе практично ја користат електронската „лична карта“. Секоја година граѓаните на Естонија даваат 50 милиони дигитални потписи, а системот постои во државата веќе 12 години.

е-Идентификацијата ја добива секој жител на Естонија кој користи естонска лична карта која претставува и e-ID. Предноста е обединување на оваа со останатите услуги, како, mobile-ID или е-идентификациите кои ги издава банкарскиот сектор. Освен степенот на прифаќање на е-идентификацијата во Естонија, практично не постои разлика помеѓу нивниот систем и системите кои се користат во останатите држави. За идентификација се потребни физички уред (лична карта или m-ID кој го изадаваат телекомите) и лозинка со која се потврдува идентитетот.

Предностите на овој систем покрај единствената акредитација, овозможува и отсранување на куп хартиена документација, дигитални потписи од било која локација. Компаниите можат веднаш да ја внесат оваа документација, без принтање или скенирање на документите.

Единствено е прашање на време пред да се појават апликации кои побрзо, подоверливо ќе функционираат насекаде во Европа. Неодамна на парламентарните избори во Естонија гласаа избирачи од 105 држави, иако Естонија има амбасади во само 33 од овие држави. Останатите гласаа со помош на е-ID, а за гласањето беа потребни 30-секунди, вели Луукас Илвес.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top