0 коментари 2 мин. читање 1 јули, 2022

Исчистете ги чувствителните податоци од вашиот прелистувач со SmartClean

За нормална работа, вашиот прелистувач собира најразлични податоци, почнувајќи со колачиња, историја на прелистување, па се до одредени слики и фајлови кои го прават наредното вчитување на страниците побрзо. Но, ваквото нешто знае да ја загрози вашата приватност, а и да вдоми на вашиот хард диск непотребни податоци (читај: ѓубре).

Секако, се од горе споменатото можете да го избришете директно од прелистувачот, но целата процедура, иако кратка, знае да здосади по одредено време. Затоа, многумина користат екстензија која го автоматизира целиот процес и не бара од вас ни да мрднете со најмалиот прст.

SmartClean e екстензија која навистина чисти на паметен начин и изобилува со корисни функции кои апсолутно се прилагодуваат на вашите потреби. Имено, можете да изберете кое време да се бришат ваквите работи, односно дали од последниот час, недела или целосно, независно од времето. Паралелно со ова, може да наместите бришењето да започне по одредено време или пак секојпат кога ќе се покрене прелистувачот.

SmartClean не брише само колачиња, прелистувачка историја, слики и фајлови во кеш, туку може да ги брише и сите ваши лозинки и преземени фајлови. Исто така, лесно можете да поставите некои сајтови на белата листа за да одредени работи од тие сајтови никогаш не се бришат. Секојпат кога ќе настане некое бришење, ќе добиете звучен сигнал, а за инстантно бришење можете и да ја користите кратенката alt+c.

SmartClean е екстензија за Chromium засновани прелистувачи.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top