Ирскиот комесар за заштита на податоци отвори две истрага за работата на TikTok во Европа поврзани со исполнување на условите од Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR).
Истрагата треба да открие дали TikTok доволно добро ги заштитува податоците на децата, и дали популарната мрежа за споделување куси видеа ги префрла податоците на корисниците во Кина.
Во првиот дел TikTok треба да покаже дека не прави прекршоци при обработката на податоци на лицата помлади од 18 години и дали има доволно мерки за да провери дали некој корисник е постар од 13 години. Во вториот дел од истрагата TikTok ќе треба да покаже не префрла лични податоци на европските корисници во Кина.
Максималната казна која може да биде изречена на компанија за нарушување на Општата регулатива за заштита на податоците е 4% од глобалната заработка на компанијата. Во 2020 компанијата ByteDance која е креатор на TikTok пријави заработка од 34,3 милијарди долари, јави Financial Times.
TikTok на средината на јули веќе беше казнет за нарушувањето на приватноста на децата во Европа. Холандската агенција за заштита на податоци ја казни платформата со 750 000 евра откако заклучија дека податоците кои ги споделуваат при инсталацијата се на англиски јазик и со тоа не се доволно разбирливи за холандските деца.
[…] post Ирската комисиј&… appeared first on […]