0 коментари 2 мин. читање

Iron Man станува реалност; стартап го креира Jarvis, а армијата оклопот

Можеби Елон Маск е најдобар пример за Тони Старк на нашето време, но неколку стартапи се обидуваат да го до донесат неговиот костум во блиска иднина. Апликации како Siri и Google Voice веќе се достапни на пазарот, но за разлика од J.A.R.V.I.S., паметниот компјутер кој е дело на Старк, апликациите како Siri разбираат единствено едноставни прашања. J.A.R.V.I.S. пак поставува прашања и знае се за Тони Старк.

Креатори на вистинскиот Jarvis се Чираг Деван и Химанпу Вајслав, а неодамна споделија презентација за можностите на 0.1 верзијата на Jarvis OS. Видеото кое го сподели стартапот прикажува отворање на Facebook и Twitter профилите на креаторот, притоа логирањето е автоматизирано. Освен ова Jarvis OS нуди интересни можности за истражување и пребарување. Проектот е сè уште во рана фаза на изработка и има уште доста до конечен продукт, но сепак е импресивно достигнување до кое е стигнато за само неколку месеци.

[youtube]ah6tHb7eWBY[/youtube]

Вториот проект кој ќе го донесе Iron man, е новиот „оклоп“ на Армијата на САД, TALOS или Tactical Assault Light Operator Suit. Материјалот кој го овозможува ова е течна керамика креирано со помош на нанотехнологија. Кога проектил ќе го погоди материјалот тој веднаш се трансформира во многу потврда форма. При брзи транзиции, овие честици се реорганизираат брзо на локално ниво, на начин на кој повеќе не се течни туку се вцврстуваат, пренесува Mashable.

Покрај ова оклопот доаѓа и со егзоскелет, со чија помош корисниците ќе добијат надчовечка сила. Заедно со егзоскелетот ќе доаѓаат хидраулични раце и нозе кои ќе ги подобрат можностите на човекот во оклопот. Како последица на ова војниците во оклопот ќе бидат побрзи, посилни и помобилни. Униформата доаѓа и со компјутер и екран кои овозможува поглед и следење на 360 степени наоколу и гледање во ноќни услови. TALOS e опремен и со сензори кои ја следат работата на срцето, телесната температура и хидратацијата на војниците. Прототипот сепак нема да дојде наскоро, а најавен е нарано за три години.

[youtube]bPjatYDHJKo[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top