2 коментари 2 мин. читање

Google Street View ги прави првите фотографии од Белград

Автомобилот на Google Street View е забележан на улиците во главниот град на Србија, Белград. Возилото првпат е забележано од Бане Андреев кој ги сподели сликите на својот Google+ профил, известува Netokracija. Google Street View е дел од Google Maps кој ви овозможува да се спуштите долу, на улиците на поголемите градови во светот за да го разгледате преку фотографии од 360 степени. Веста преку својот твитер профил ја потврди и Стефан Лазаревиќ, државниот секретар за внатрешна и надворешна трговија и телекомуникации.

Ова е уште еден показател за напредокот и определбата на Србија за фаќање чекор со новите трендови и технологии. Неодамна дојде PayPal, а до крајот на годината се најавени и локален App Store и Google Play. Како што е пракса возилото ќе вози и ќе ги мапира патиштата низ Србија со што мапите на Google Maps ќе станат достапни и за оваа држава. Возилото на Google е лесно препознатливо додека се движи по улиците, па без сомневање наскоро ќе може да видиме нови фотографии од Street View на улиците во Србија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top