iPod е на крајот на своето постоeње

Уредот кој го најави враќањето на Apple, можеби е на самиот крај од постоењето. Компанијата денес повлече два од трите уреди кои беа достапни во продавницата, јави Ars Technica.

Продавницата веќе не ги нуди iPod nano и iPod shuffle, а единствениот уред кој останува е iPod touch. Уредот чини 200 долари, но можеби вистинското прашање е дали им е навистина потребен на оние кои поседуваат iPhone или Apple Watch.

Двата повлечени уреди се постари од 10 години. iPod nano е достапен од 2007 година, а iPod shuffle излезе 2010 година. Од излегувањето iPod nano имаше 7 редизајни, а iPod shuffle 4. Единствениот iPod кој е достапен во продавницата е излезен во 2015 година. Уредот во моментов е во неговата шеста генерација.

Давата уреди на кои им истече времето беа последните кои не доаѓаа со iOS, па ова ќе биде уште едена олеснителна околност.

Излегувањето на iPhone го најави крајот на iPod. Apple секако мора да се подготви за крајот на уредот. Со излегувањето на Apple Watch, компанијата повторно има доволно различни уреди, па конечното повлекување на iPod може да биде наскоро.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments