Основачот на Amazon, накратко го надмина Бил Гејтс и еден ден беше најбогат човек на планетата. Ова е неверојатен чекор за човек кој само пред нешто повеќе од 20 години продаваше книги од гаража.
Акциите на Amazon вртоглаво растат во последниот период. Трендот продолжи и по објавувањето на заработката од последното тримесечие. Г. Безос поседува 80 милиони акции на Amazon, па неговото богатството се проценува на 90 милијарди долари. Заедно со Washington Post и Blue Origin, г. Безос го надмина г. Гејтс.
Секако, финансиската тежина на основачот на Amazon најмногу зависи од вредонoста на акциите на компанијата. Доколку паднат акциите на Amazon и пораснат акциите на Microsoft, оваа ситуација повторно може да се промени (што и се случи). Сепак, експерите сметаат дека без разлика каква е состојбата со флуктуацијата на акциите во овој период, наскоро г.Безос ќе го зацврсти своето водство. Безос би можел да биде првиот човек кој финансиски е 12 цифрен, штом надмине 100 милијарди долари.
Amazon низ годините
Џеф Безос го основа Amazon на 5 јули 1994 година, тогаш под името Cadabra. Набрзо компанијата го промени името во Relentless, за во 1995 година компанијата да се ребрендира во Amazon.
Amazon започна како онлајн книжарница која наскоро започна да продава и DVD, филмови, софтвер, MP3 плеери, видеоигри, хардвер, телевизори и што уште не. Компанијата произведува и хардвер како Kindle таблет компјутерите и Amazon Echo, а имаа обид и за паметен телефон.
Во 2015 година Amazon го надмина Wallmart и стана најголема продавница на глобално ниво.
Amazon има различни страници за: САД, Велика Британија и Ирска, Франција, Канада, Германија, Италија, Шпанија, Холандија, Австралија, Бразил, Јапонија, Кина, Индија и Мексико. За дел од регионите и производите постои и бесплатна достава.
Amazon денес е многу повеќе. Компанијата има телевизија, облак сервис, сервери, продавница за апликации, креирање на видео содржина и куп други сервиси.
[…] Секако, финансиската тежина на основачот на Amazon најмногу зависи од вредонoста на акциите на компанијата. Доколку паднат акциите на Amazon и пораснат акциите на Microsoft, оваа ситуација повторно може да се промени (што и се случи). Целиот артикл прочитајте го на порталот за технологии ИТ.мк […]