iPhone повторно е најпродаван мобилен за новогодишните празници

И оваа година којзнае кој пат по ред најпродаваните телефони и таблет компјутери доаѓаат од Apple. Дури 44 отсто од активираните уреди овие празници се произведени од Apple, јави Flurry, сервисот за мобилна аналитика.

Втори на листата се уредите на Samsung, кои ја задржаа предноста пред конкурентите, иако Note 7 не е на продажба. На листата се и Huawei, LG, Amazon, Oppo, Xiaomi и Motorola.

Што се однесува до трендот на уреди кои се продаваат, тој последните три години е купувањето на таканаречените фаблет телефони. За сметка на ова намалена е продажбата на таблет компјутери, мини-таблет компјутери и помали телефони. Дополнително изгледа дека продажбата на таблет компјутери се стабилизира на 9 отсто, речиси два пати помалку, во однос на 2013 година.

Интересно како и изминатите години, така и оваа година, 25 декември (католичкиот Божиќ) е денот со најмногу преземања на апликации. Дури два пати повеќе апликации се преземаат на оваа дата отколку во останатите денови од годината.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments