0 коментари 2 мин. читање 27 декември, 2016

Упс, „I Know What You Download“ ги следи торентите кои сте ги преземале

„I Know What You Download“ е веб страница на која јавно е достапна листата на торенти кои ги преземате. Сервисот овозможува преглед по ИП-адреса, што значи дека може да ги шпионирате сите чија адреса ја знаете.

Најверојатно веќе знаевте дека торентите можат да се следат, а се чини и дека тоа не е премногу тешко. На страницата може да ги прегледате торентите кои се преземени како и датата, големината и името на торентот.

На листата ќе бидат прикажани торентите од сите уреди поврзани на рутерот. Ако имате динамичка адреса на листата најверојатно ќе има и торенти кои ги преземале други корисници.

Листата торенти е составена од торенти кои се преземени и торенти што се споделуваат. Корисниците кои преземаат торенти преку VPN или некоја друга мрежа за анонимизација, на пример Tor на листата ќе имаат и куп торенти кои не ги преземале.

За да ја проверите вашата ИП адреса, или пак комшиската, упатете се тука:  http://iknowwhatyoudownload.com/

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top