5 коментари 3 мин. читање

iPhone 5S е првиот паметен телефон со 64 битен процесор

„Еден од најнапредните уреди кој некогаш бил изработен“, беа првите зборови со кои Фил Шилер, потпредседател за маркетинг во Apple, го започна претставувањето на новиот iPhone 5S. Со 5S беше претставен и новиот A7 SoC, со што iPhone 5S е првиот паметен телефон кој работи со 64 битен процесор. Според компанијата, А7 е двојно побрз од А6 кој се користеше во iPhone 5.

Новиот iOS 7 е целосно прилагоден за 64 битниот процесор, како и самите iOS апликации. Уредите ќе ги поддржуваат и старите 32 битни апликации.

Новост, пред сé за дивелоперите е и дополнителниот процесор за движења (М7) кој може да препознае кога стоите, одите, возите и сл. Според Шилер, батеријата би требала да трае 10 часа при разговор преку 3G, 10 часа при сурфање преку LTE, додека во standby модот би можела да издржи и до 250 часа.

Подобрена е и камерата, а додаден е и нов сензор кој треба автоматски да ги подобри фотографиите со автоматско поставување на експозициите, нијансата на бела боја, автоматско фокусирање и слично. Новиот двоен LED овозможува уредот да го пронајде вистинскиот баланс на боите за фотографиите да изгледаат поприродно.

Со новиот iPhone 5S можеме да заборавиме и на матните слики. Воведена е нова автоматска стабилизација на сликите, па така уредот ќе ги зема сличните фотографии, ќе ги поврзе заедно и ќе ја избере таа со најостра слика. Исто така, камерата поддржува до 120 фрејмови во секунда, а ќе може да се снима и во HD квалитет од 720p.

Што се однесува до безбедноста, воведен е Touch ID – читач на отпечаток од прстот, со што вашиот уред ќе биде секогаш заштитен. Системот ќе може да го прочита вашиот отпечаток директно преку home копчето. Сензорот ќе може да се користи и за купување преку iTunes, а може да препознае неколку различни отпечатоци од прстите.

На вчерашниот настан, Apple исто така го претстави и iPhone 5C – поевтината и пошарена варијанта на iPhone. iPhone 5C доаѓа со 4-инчен ретина дисплеј и А6-процесор. Како и кај поскапите верзии телефонот доаѓа со две камери задна од 8MP и предна FaceTime HD камера. Определбата на Apple ова да биде конкурентен и поевтин телефон, кој треба да се спротистави на светската доминација која ја имаат Android уредите се забележува и во широката поддршка за LTE мрежите, по која новиот телефон е рекордер.

 За разлика од 5S телефоните поекономичната варијанта ќе доаѓа во повеќе бои: розева, жолта, бела, сина и зелена Покрај ова Apple ќе понуди и шест различни силиконски заштитни „опаковки“ кои корисниците ќе може да ги комбинираат со своите телефони.

Според презентацијата на Apple, во САД цената за iPhone 5s со 16GB меморија ќе биде 199 US долари, а за 32GB 299 US долари. iPhone 5C 16GB ќе чини 99 US долари, а 32GB 199 US долари.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top