Sony ќе прави ТВ базиран на PlayStation Vita

Sony го најави својот ТВ приемник базиран на рачната конзола PlayStation Vita. PlayStation Vita TV покрај поддршката за ТВ канали како Netflix и Hulu ќе поддржува и играње на наслови кои се излезени за PlayStation 1, Vita и нејзиниот претходникот PSP.

Како што навестува и името PlayStation Vita TV, уредот е целосно базиран на хардверот на рачната конзола. Минијатурната конзола (6.4 х 10.5 cm) доаѓа со неверојатни 1.300 видео игри кои ќе им бидат на располагање на корисниците, јавува Wired. Оваа бројка доаѓа пред сé од големиот број на наслови кои се достапни за Playstation 1, PSP и Vita, иако од Sony најавуваат дека поради природата на гејм-плејот (екран на допир) дел од Vita игрите нема да може да се играат на приемникот.

Покрај ова на корисниците ќе им бидат достапни и апликациите од конзолата како LiveTweet или Reader ebook. Приемникот може да биде користен и за стрим на видео игри доколку телевизорот на кој е приклучен PlayStation 4 е зафатен.

Резолуциите со кои оперира PlayStation Vita TV се 480р, 720р и 1080i. За жал засега изостанува најава за играње преку облак, иако веќе помина повеќе од една година од аквизицијата на Gaikai. Сепак иако барем засега без најава, пости голема веројатност дека токму на овој дел од еко-системот на Sony, Gaikai ќе успее да го пронајде своето место.

Уредот е најавен за 14 ноември, а цената за која ќе биде достапен е 95 US долари, во дополнителна понуда доаѓа и DualShock 3 контролер и 8GB дополнителна мемориска картичка за 143 US долари. За жал најголем дел од телевизиските програми ќе бидат достапни само во определени зони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments