2 коментари 1 мин. читање

Geeks vs. Nerds (инфографик)

Кој е geek? А кој nerd ? Можеби е тешко да се превeдат овие две „категории“ на македонски, но се работи за дебата која трае и е толку жестока како таа за кој е подобaр серијал – Lord of the Rings или Star Wars.

За да се реши прашањето што е карактеристично за двете групи, MasterInIt.org објави забавен инфографик во кој се дефинира што е „nerd“, а што „geek“. Според инфографикот, гиковите носат иронични маички, сакаат електронски уреди, и сакаат филмови, колку уметнички, толку и тие со Вил Фарел. Што се однесува до nerds, тие имаат различни, но не практични вештини поради широкиот спектар на интереси, од видео игри до наука, користат PC и се фасцинирани со академици. За жал на nerds, јавноста е против нив, скоро 87 отсо од испитаниците на MasterInIt.org одговориле дека сакаат повеќе гикови.

Што се однесува до иднината, geeks најверојатно би биле графички дизајнери, претприемачи, веб дизанери и келнери, додека nerds би биле ракетни научници, програмери, инжинери или би работеле во видеотека.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top