0 коментари 2 мин. читање 16 јануари, 2024

Into the Necrovale излегува во раниот пристап на Steam за 10 дена!

Кејси Клајд е девелоперот кој е најдобро познат по Frauki’s Adventure! – интересна souls-like, metroidvania инспирирана игра со предизвикувачко истражување на ретро-осмислени околини.

Овојпат, Кејси ни призна дека за потребите на Into the Necrovale бил инспириран од игри како Diablo, Magic the Gathering, Guild Wars, и Path of Exile. Тоа никако не значи дека играта не е без предизвик и пушта цврсти корени и во souls-like жанрот.

Into the Necrovale излегува како дел од раната програма на Steam на 26 јануари и се заканува да понуди ретро hack-and-slash акција каде истражувате најразлични зандани и собирате најразлични оружја и опрема за градење уникатен билд за поефикасно справување со непријателите и босовите.

Демото за Into the Necrovale веќе е достапно, доколку сакате да проверите дали е ова игра за вас. Демото е повеќе од доволно за да видите како може да се експериментира со бројни вештини и предмети на непредвидливи начини.

Кејси сам работи на играта. Веќе ги има осмислено клучните механики, а целта му е да понуди игра која ќе може да се игра илјадници часови. За да успее во целта, потребен е ригорозен и разнолик систем од механики, опрема и непријатели, нешто што се надева дека ќе го разработи во наредните шест месеци (периодот кој е предвиден за пред излегување на финалната верзија).

Играта која ќе излезе за десет дена ќе понуди пет зони и над 300 различни предмети.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Casey Clyde
  • Издава: Tribal-Storm
  • Жанр: Акциона RPG
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе на: 26 јануари 2024
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top