Интервју со Springfox Games за нивната игра Nif Nif

Nif Nif e симпатичен roguelite со разигран дизајн и механики поврзани со влечење карти. Идејата за проектот доаѓа од Маша Малет. Како мајка на две дечиња, Маша отсекогаш сакала да осмисли стратегија која би им се допаднала на најзините деца. Токму од тоа причина, го има основано студиото Springfox Games и, со заеднички сили, ја имаат осмислено Kickstarter кампањата за Nif Nif. Во исчекување на нивната игра, за која веќе има достапно демо, ја контактиравме Маша и поразговараме на кратко за инспирацијата, предизвиците и гејмплеј механиките.


Маша Малет игра игри уште од петгодишна возраст. Како девојче често помагала на нејзиниот татко кој пишувал рецензии на игри за различни списанија.

Професионално, Маша работела 12 во областа на образованието. По создавање стартап за предавање јазик, била назначена за извршен директор во подружница на групацијата Луј Витон во Хонг Конг. Подоцна, нејзината страст за игри ја насочила да студира производство на игри и да отвори компанија преку која студентската игра (Friends of Fortune) освоила прва награда на натпревар.


IT.MK: Nif Nif е игра која ветува механики кои се лесни за учење и разиграни визуелни елементи. Имајќи го тоа на ум, дали е тоа игра прилагодена само за помладата публика, или и повозрасните гејмери ​​ќе можат да најдат нешто за уживање?

Нашата игра е главно прилагодена на помлада публика и лица со посебни потреби. Сепак, таа треба да биде игра забавна за сите. Сакаме да мислиме дека секој може да јаигра, и освен ако играчот веќе не е многу запознаен со жанрот и сака особено предизвикувачки игри, има многу аспекти што ќе им се допаднат на луѓето и ќе допринесат до пријатни и впечатливи искуства.

Кога се работи за инспирација за играта, Маша ни објаснува дека многу сакала да ја сподели нејзината љубов кон жанрот со нејзините деца. „Пораснав со стратегија и игри со карти и отсекогаш најмногу ги сакав игрите кои со запазување ред (се мисли на turn-based). Има многу пријатни животни симулации или авантуристички платформери, но не толку многу кога станува збор за стратегија и roguelike, за луѓе кои го ценат релаксираното искуство. Што се однесува до светот и саундтракот, нашиот главен извор на инспирација се игрите, филмовите и сериите кои ја дефинираа нашата генерација. Ќе најдете инспирација од жанрови како што се старите школски авантури и RPG игри, Doctor Who, Матрикс, цртани филмови на Ghibli и многу повеќе.

Сакавме да можете да ја почувствувате оваа носталгија и удобност преку саундтракот и звучните ефекти

Можете ли да ни објасните малку повеќе за посебните техники и моќните способности што ги поседуваат картите, како и за некои од предизвиците со кои би требало да се справиме во Nif Nif?

За разлика од вообичаените roguelike со шпилови со карти, решивме да одиме на многу кратки преигрувања (10-15 минути). За да може да се испробаат различни стратегии, ликот може да избере легендарна картичка на почетокот, што ќе помогне за специфични архетипови поврзани со шпиловите. Првиот лик ја воведува основната механика на игрите со карти, имено напад, одбрана и влечење карта. Може да испробате повеќе билдови за напад или одбрана. Вториот лик има пооригинални стилови на игра, особено со системот за броење карти. Тој е многу брз и играчот ќе може да користи што е можно повеќе евтини карти. Сè уште работиме на карактерите на играта и се надеваме дека ќе воведеме трет лик откако ќе успееме со нашата kickstarter кампања.

Кога сме кај предизвиците, кои беа некои од најголемите предизвици со кои требаше да се соочите кога работевте на Nif Nif, особено во однос на приспособувањето на стратешките елементи за подобро да им одговараат на децата? Дали имаше одредена механика што сакавте да ја воведете во играта, но подоцна се предомисливте?

Хаха, да, моравме да се спуштиме неколку нивоа и редовно да ги поедноставуваме нашите механики на играта кои беа премногу слични една на друга, но не сосема исти. Ова беше прилично збунувачки и мислевме дека може да биде штетно за искуството на гејмерите. Да се водевме од нашата креативност и да навлеговме во искушението да додадеме сложена механика, ќе ја имавме една од најдлабоките, комплетни игри со карти, но тогаш играта немаше да биде соодветна за нашата таргет публика, која е често запоставена. Играњето со деца и со луѓе кои не се редовни гејмери навистина ни помогна во прилагодувањето на механиките и стилот на играње. Исто така, пробуваме нови работи со воведување аспекти кои се невообичаени во жанрот и се насочени кон луѓе кои сакаат релаксирачки игри и кои децата ќе ги ценат како готвење, градинарство, собирање картички и фотографии. Јас сум огромен љубител на собирање работи во игрите и мислам дека тоа е нешто што е интересно на многумина, не само на помладите генерации.

Тука некаде, Маша се присетува на бројните комични ситуации поврзани со неуспешно реализирани концепти. „Особено ни беше интересно кога ќе се обидеме да направиме нешто што на крајот дефинитивно не е соодветно за нашата публика. Таков беше случајот со викиншката шапка која имаше дупчиња за очите на Ниф Ниф, Изгледот беше сè само не семеен и прифатлив за целата публика… Но, најнезаборавниот момент беше приемот на нашиот прототип во GDC оваа година. Тоа е првпат навистина да видиме како луѓе покрај нашите пријатели и семејството да ни покажат љубов и поддршка. Неверојатно чувство.

Бидејќи Nif Nif е првенствено игра за деца, колкава едукативна вредност може да најдеме во играта?

Чувствувам дека постои оваа заблуда околу игрите за деца и за тоа дека тие треба да бидат едукативни. Пораснав со Civilization, научив повеќе од неа отколку од која било друга игра. Моите деца дознаа за грчката митологија гледајќи ме како играм Hades. Верувам дека образовниот аспект во игрите произлегува од страста и имерзивноста што играта може да ги создаде за децата. Тоа е тоа што ќе ги поттикне да ги надминат предизвиците и да научат нешто, а не да им се наметнува одреден образовен принцип. Забавата во игрите доаѓа од учењето. Значи, за нас, повеќе е важно тоа што учите и колку ви е интересно и корисно. Тоа може да биде критичко размислување, рефлекси, координација рака-око, прилагодување на нова ситуација и слично. Nif Nif дефинитивно помага во полето со математиката и логиката, но тоа е случајот и со секоја друга игра од овој жанр. Она што е важно е дека самата игра е пријатна за играње и го прави жанрот достапен за децата и лицата со попреченост.

Кој совет би дале на девелоперите што почнуваат да прават игри?

Започнете ја вашиот маркетинг кампања веднаш штом се здобиете со основната идеја! Мислам дека предолго чекавме пред да започнеме со комуникација и тоа беше грешка. Не чекајте премногу долго! Користењето на X и Reddit секој ден не чини многу, а значително помага во остварување на вашата визија!

Ја прашавме Маша дали би сакала уште нешто да сподели, дали за играта или пак за луѓето што ги поддржале.

Ние сме првата генерација родители која порасна околу видео игрите. Наше е да ја споделиме нашата страст за инди-игри, правејќи ги и споделувајќи ги со следната генерација. Со отпуштањата што се случија во индустријата неодамна, сакам да видам многу повеќе игри за деца од нови независни студија и се надевам дека како родители, браќа и сестри, чичковци и тетки, ќе можеме заедно да ги поддржиме овие независни иницијативи.

Како што напоменавме, Nif Nif веќе има демо и Kickstarter кампања. Со малку среќа, играта би излегла во првата половина на 2025 година!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments