Интервју со победниците на Европскиот куп на нации

Минатата недела тим од Македонија успеа да победи на натпреварот во League of Legends одржан на Европскиот куп на нации. Тимот во состав Златко Петровски, Виктор Кордановски, Давид Деловски, Валмир Фејзулаху и Стефан Шевченко во финалето со 3:1 го совлада тимот кој дојде од Израел.

Зборуваме со дел од нив за нивното искуство за овој настан и општо за е-спортот во Македонија.

Како се чувствувате по победата против Израел и освојувањето на турнирот?

Нормално се чувствуваме одлично, ова е голем успех за нас како Македонија да победиме европски куп во кој учестуваа 16 различни европски земји. Покажавме за што сме способни и се надеваме дека ова би било голем чекор кон официјализирање на еспортот во Македонија.

Финалето не почна најдобро, но по поразот во првиот меч успеавте да се вратите и да победите во следните три. Помисливте ли дека можеби мечот е готов по поразот

Обично во најдобар од 5 игри, првата игра е повеќе да видите што и како игра противникот и соодветно да се адаптирате во следните мечеви. Не мислевме дека мечот е готов во ниту еден момент, само останавме смирени и видовме како може да ги победиме противниците.

Како го оформивте тимот? Дали постојано играте заедно или колку често играте заедно?

Тимот е оформен од страна на Стефан, нашиот капиен. Всушност воопшто не играме заедно, овој тим е оформен само за македонски турнири кои ги играме ние петорица најмногу за забава.

Како трениравте за овој настан?

Како што напоменав во предходното прашање, воопшто не играме и не вежбаме заедно, само доаѓавме на денот пред да треба да играме и игравме.

Кажете ни нешто повеќе за вас. Што работите, имате ли хоби, колку време поминувате пред компјутер, која ви е омилена игра?

Виктор Кордановски „Fallen Angel”. Моментално јас сум полу-професионалец во LOL. Играм за разни тимови за плата, во разни балкански или странски лиги веќе скоро две години, конкретно за тим во Балканската Лига EBL. Поради тоа сигурно поминувам повеќе од 8-10 часови дневно пред компјутер; вежбајќи со тимот секојдневно барем по 4 часа, и другите играјќи сам. Омилена игра ми е LOL, а хоби обично ми е релаксирање играјки други игри кои ги играм за забава.

Стефан Шевченко – Mistrial. По струка сум дипломиран економист и работам највеќе во светот на маркетингот. Во зависност од тоа дали играм компетитивно во некоја лига или не, варира колку време поминувам пред компјутер. Може да биде и скромни 2 часа, па дури да дојде и до 10 часови, се со цел да се постигнат зацртаните цели.

Освен константното подобрување во гејминг светот, постојано сум физички активен и обожавам да вежбам кое што дефинитивно помага и при ослободување на целиот насобран стрес. Очигледно е дека омилена игра ми е League of Legends со која што се бавам веќе цели 10 години, но доколку би требал да одберам други дефинитивно би ги додал World of Warcraft и CS.GO

Давид Деловски – 2Cups: Студент сум на ФИНКИ. Хоби ми е да играм League of Legends, но со надеж да играм и професионално. Поминувам добри 8 часа на компјутер, а League of Legends ми е омилена игра.

Епидемијата го зголеми интересот за е-спорт, според вас која е иднината на еспортот?

Сè уште е тешко да се каже која е иднината на еспортот во Македонија, но ако зборуваме за Европа и пошироко, еспортот е веќе многу распространет.

Во Европа постои нешто што се вика Европски регионални лиги во LOL, и држави како Шпанија, Италија, Германија, Полска и многу други имаат свои лиги во LOL каде што многу играчи играат и го работат тоа за плата.

Кај нас традиционално на гејмингот се гледа како на залудно потрошено време, има ли промена последниве години?

Зависи на кој начин гледате, ако некој го прави тоа како хоби после работа, релаксација, или ако е тоа некој како мене што се бави професионално нормално дека не е. Но ако некој го прави тоа цел ден без да прави ништо друго и нема никакви бенефити – тогаш е потрошено време. Мислам дека нема промени и од секогаш било така за гејмингот кај нас.

Има ли е-спорт и општо гејминг заедница во Македонија?

Е-спортот кај нас е уште на многу ниско ниво, се прават мали турнири, лиги, но тоа не е вистниски еспорт ако можам така да го наречам. За да има еспорт треба да има и пари, во Македонија нема пари во еспорт и неможе да се живее од тоа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments