Интервју со Игор Јошевски, Technology Line Manager во Сеавус

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

На 28-ми октомври ќе се одржи Code Talks во организација на Сеавус. Настанот е посветен на front-end технологијата, а присутните преку техничко и практично знаење и примери ќе можат да научат за нови технологии и да ги подобрат своите вештини. Домаќини на настанот се експертите на Сеавус, Игор Јошевски – Technology Line Manager и Димитар Четелев – Intermediate Developer во Телеком одделот на Сеавус.

За настанот и за одговорностите кои ги носи позицијата Technology Line Manager во голема компанија како Сеавус, разговараме со Игор Јошевски.

Во неколку реченици кажете нѝ нешто повеќе за себе? Во Сеавус сте на позиција Technology Line Manager, како изгледа вашиот работен ден? 

Во светот на програмирањето сум веќе долго време активно вклучен, при што во Сеавус сум повеќе од 8 години. Во текот на еден работен ден се соочувам со различни предизвици од техничка и не-техничка природа, но накратко денот поминува низ следната шема: Утрото го поминувам со читање на мејлови и утрински состаноци со колегите околу дневните обврски и синхонизација на следните активности, околу пладне обично е време предвидено за интервјуа и комуникација со програмерите од технолошката линија околу нивните тековни активности, статус и предизвици кои ги имаат на проектот, а воедно и кариерен развој.

Кажете нѝ нешто повеќе за некои интересни проекти (Front-end архитектурата, апликации) кои ги развивате во Сеавус…

Како голема компанија, во Сеавус имаме прилика да работиме на интересни и големи проекти, кои во својата замисла често користат најсовремени технологии. Моментално некои од по-популарните проекти на кои работиме се поврзани од областа на Internet of Things и автомобилската индустрија, каде што, како Frontend програмери имаме можност да развиваме комплексни архитектури кои воедно ги следат и последните стандарди во светот на Frontend програмирањето, како што е micro frontends.

Што ќе може да слушнат посетителите на CodeTalks од вас?  

На следниот настан на CodeTalks ќе зборувам на тема Micro frontends architecture, каде што присутните ќе имаат можност да слушнат што всушност е тоа, кога и зошто нѝ треба, кои се придобивки од истата архитектура, воедно и зошто е популарно во фирми каде што имаме повеќе тимови на ист проект.

Што е Micro Front End архитектура? 

Кратко, micro frontend архитектура претставува разделување на проектот и кодот во помали „единици“ од кои што, секоја има своја функција и притоа овозможува повеќе помали тимови да работат одвоено на истиот продукт, и да користат различни библиотеки и frameworks, а сепак на крајот да добијат еден комплетен продукт.

Што во моментов е актуелно во Front-end светот, а што полека излегува од мода?  

Во моментот, посебно кога зборуваме за JavaScript, она што е интересно е дека полека напреднува на повеќе нивоа како програмски јазик и веќе почнува да се применува на различни уреди за кои порано се сметаше дека не е возможно, што отвора многу можности за сите програмери во иднина да работат на многу интересни проекти и области.

Она што излегува од мода е секако користењето на jQuery, Backbone и останати библиотеки без кои порано беше скоро невозможно или многу тешко да се направи добро организиран код и апликација, а воедно скратуваа време потребно да се изработи една апликација.

6. Кои се технологиите на кои треба да се фокусираат сите кои се заинтересирани за Frontend кариера? Кои технологии се основни за отпочнување кариера?

Примарно е JavaScript како јазик и последните стандарди кои се присутни ES6+, што претставува основа на сѐ што понатаму се произведува како продукт. Секако, важно е да се стави фокус и барем на една од популарните библиотеки или framework како што се: Angular, React, Vue.

За целата слика да биде комплетна, потребно е секој што сака да влезе во овој свет да научи и HTML5 и CSS без кои е невозможно да креираме функционална и убава веб апликација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments