Како и кога отпочна приказната за Deltatre? Што работи компанијата денеска и какви клиенти има?
Основана во Торино во 1986 година, Deltatre е лидер во создавање на комплетно стриминг-искуство за спортските обожаватели.Од почетокот сме компанија фокусирана на развој на софтвер а отпочнавме со креирање на графички решенија за приказ на спортски резултати, истите беа користени од преносители на спортски содржини. После 37 успешни години, нашата палета на услуги се прошири со изработка на комплетни дигитални платформи, податоци и аналитика, решенија за интеракција со корисниците, со фокус на креирање и доставување на ОТТ (over the top) платформи за некои од најголемите спортски организации, преносители на спортски настани и сопственици на права на содржина.
Денес, Deltatre е заедница со над 1.000 вработени, а нивниот број постојано се зголемува во сите канцеларии низ светот, како, Италија, Северна Македонија, Обединетото Кралство, Република Чешка, Америка и Индија. Компанијата има разновидно портфолио на клиенти кое го сочинуваат глобални брендови меѓу кои Major League Soccer, Major League Baseball, World Athletics, BritBox и многу други.

Зошто се одлучивте да отворите канцеларија во Македонија? Како се градеше локалниот хаб тука?
Отворањето на канцеларијата во Скопје беше една природна прогресија за Deltatre. Ова ни овозможи да работиме во поволна бизнис околина на стратешка локација со талентирани индивидуи. Скопје е дом на универзитети и технички училишта од каде постојано излегуваат квалификувани инженерски кадри, па отварањето на канцеларијата на оваа локација значи можност и поддршка за следната генерација експерти во индустријата. Иако процесот на етаблирање на локален хаб бараше внимателно планирање и егзекуција, сето тоа резултираше со одличен тим и работна средина.
Кои се обврските на тимот во канцеларијата на Deltatre Скопје?
Тимот во Скопје извршува различни задачи и е одговорен за клиенти од дигиталниот и OTT видео стриминг секторот. Исто така имаме и тим за поддршка на софтверот и услугите што ги нудиме.

Некои од одговорностите се:
- Развој и одржување на OTT видео стриминг софтвер и услуги, вклучувајќи развивање на back-end инфраструктура, front-end интерфејси и технологии за видео плеери,
- Развој и одржување на дигитални платформи како веб сајтови и мобилни апликации,
- Екстензивна QA лабараторија која работи со голем спектар на различни уреди, како ТВ, мобилни и гејминг уреди за да се поддржат барањата на нашите клиенти,
- 24 часовна поддршка за софтверот кој го развиваме,
- Постојана инволвираност во создавањето на следната генерација продукти и услуги на Deltatre.
Кој е најпредизвикувачкиот проект на кој работел вашиот тим од инженерска гледна точка? Зошто?
Многу од нашите проекти се заштитени со клаузули за тајност, па за жал не можам да навлегувам во детали, но со сигурност тврдам дека инжењерите постојано се соочуваат со предизвици диктирани од крајните корисници.
Спортските фанови, без исклучок, очекуваат високо-квалитетни стриминг искуства со ниска латенција за натпреварите во живо во било кој спорт. Ова бара значителна финансиска и интелектуална инвестиција во градењето на инфраструктурата, кодирањето и испорачаната содржина. На пример, за еден клиент предизвикот беше да изградиме платформа која скалира до неколку милиони нови корисници кои истовремено пристапуваат до видео содржината преку paywall, како и дополнително да се осигураме дека платформата е постојано заштитена од Denial-of-Service (DoS) и пиратски напади. Ова значеше големо прилагодување на софтверот за испорака на видео и рационално користење на инфраструктурата при намалување на бројот на корисници на крајот на стримот за да се оптимизираат трошоците на клиентот.
Моравме да бидеме агилни и да обезбедиме брзи промени на клучните елементи од услугите во краток рок, како додавање на нови уреди, промена на плановите за претплата и адаптирање на квалитетот на стримот за важни настани. Стримингот е популарен начин за гледање на видео содржина, а функционалностите на стримингот и содржината постојано еволуираат. Со цел да се постигнат добри резултати и задоволи потребата за намалување на трошоците за имплементација, постојат неколку предизвици кои треба континуирано да се надминуваат, дел каде што вештините на експертите од Deltatre всушност се најпотребни.
Кои интересни предизвици ви паѓаат на ум кога размислувате за развој на производи и нови технологии?
1. Скалабилност: Како што се повеќе и повеќе луѓе конзумираат содржина со помош на OTT стримингот, платформите треба да бидат во состојба да го издржат ова побарување, истовремено намалуваќи ги трошоците.
2. Интероперабилност: Во денешно време се наметнуваат многу различни стриминг стандарди за содржина, метадата и видео плеери, па интероперабилноста помеѓу платформите може да претставува голем предизвик, особено поради асинхроната еволуција на стандардите.
3. Безбедност: Денес постои постојан ризик од пиратерија и други форми на неавторизиран пристап. Платформите мора да се осигураат дека содржината е заштитена од пиратерија и дека податоците на корисниците се безбедни.
4. Испорака на содржина: Буквално на другиот крај од скалабилноста е испораката на високо-квалитетно стриминг искуство без разлика на уредот кој се користи за конзумирање на содржината. Кога развиваме платформи мора да се земе предвид како може да влијаат сите мрежни фактори врз стриминг искуството како мобилна наспроти домашна Wi-Fi мрежа, 4G наспроти 5G мрежа и конзистентноста во корисничкото искуство без оглед на тоа каде се корисниците, како на пример паузирање и премотување назад, продолжување на стримот на друг уред и зачувани содржини на сите корснички уреди.
5. Персонализација и корисничко искуство: Мора да се осигураме дека целокупното искуство на сите корисници е најдобро што може. Ова може да варира од персонализирани препораки за забавни содржини до интерактивност во стримингот на натпревари во живо.

Зошто ИТ професионалец или инженер треба да работи во Deltatre? Како можат да аплицираат?
Deltatre е водечка компанија во ИТ сферата чиј главен фокус е развивање продукти и услуги за спортската, забавната и технолошката индустрија. Ако сте ИТ професионалец или инженер кој има интерес за работа во ОТТ индустријата, постојат повеќе причини зошто треба да се придружите на тимот на Deltatre:
- Можност за работа на возбудливи проекти: Клиентите на Deltatre се едни од најголемите светски имиња во спортот, забавата и технологијата, што значи дека ќе имате можност да работите на возбудливи и предизвикувачки проекти.
- Пристап до cutting-edge технологија: Deltatre е во првите редови кога станува збор за користење на напредна технологија, а вие би имале можност да работите со најновите платформи, решенија и иновации.
- Глобална мрежа: Со канцеларии во неколку држави во светот, Deltatre ви нуди можност да работите со и да учите од колеги со различни култури и искуства. Еднаш месечно организираме извлекување со кое на еден од колегите му се дава можност да работи од било која канцеларија на друга локација во светот.
- Динамична и колаборативна средина: Во Deltatre се почитува и применува соработка помеѓу колегите и тимска работа, што значи би имале можност да соработувате со талентирани професионалци и да придонесувате за инклузивна и динамична работна средина.
Ако сакате да му се приклучите на тимот и да аплицирате за работа во Deltatre можете да ја посетите нашата веб страна и да ги погледнете отворените работни позиции. Deltatre е секогаш во потрага по кандидати кои се возбудени за својата работа и кариера, кои се мотивирани и посветени во создавањето на високо-квалитетни резултати, па не заборавајте да ги истакнете овие квалитети во вашата апликација.
За крај, некои интересни и уникатни факти за Deltatre?
Името на Deltatre се најде на престижната годишна листа на Fast Company за „Најиновативни компании во светот“, па можеме да кажеме дека сме група на посветени индивидуалци со уникатни таленти и неверојатна можност да направиме промена во сферата во која работиме.
Имаме повеќе од 1.000 вработени во 18 градови низ светот. Нашето портфолио е огромно, а на него се наоѓаат светски клиенти како, Major League Baseball, Major League Soccer, Juventus, Britbox, ATP и многу други.