Интервју: Како Fires.mk, проектот на Благоја Николоски, ги мапира пожарите во реално време

Во Македонија последните неколку години за жал се навикнавме дека секое лето од средината ја јули пожарите да ни стануваат секојдневие. Ниту ова лето не е исклучок, и повторно мора да се надеваме на херојството на пожарникарите или на промена на временските услови. Минатата година EarthCare.ai претстави алатка која ги визуелизира пожарите. Оваа година ја имаме Fires.mk, веб-страница со слична функционалност, и поедноставна за користење. Креатор на Fires.mk e Благоја Николоски, софтверски инженер со страст кон креирање иновативни алатки. Благојa е дипломец на ФИНКИ, кој покрај својот професионален аранжман пронаоѓа простор и за креирање на алатки, игри и креативни проекти.

Fires.mk е плод на лично искуство и длабока посветеност. Како што ни откри Благоја, идејата за оваа платформа се родила додека работел како практикант во EarthCare.ai, стартап фокусиран на климатски податоци. Токму таму се соочил со обемот на загрозеност на природата од непогоди и потребата од ефикасни алатки за нивно следење. Ова искуство го инспирирало да ја развие Fires.mk како свој дипломски труд, претворајќи ја во реална и корисна алатка за превенција и информирање.

Со Благојa разговаравме за техничките аспекти на Fires.mk i како функционира системот за собирање податоци. Секако го прашавме и кои се идните планови за развој на оваа платформа.

Во неколку реченици, кој е Благоја Николоски? Што те мотивираше да ја креираш платфромата?

Јас сум Благоја Николоски, софтверски инженер кој моментално работи во странска фирма. Дипломирав на ФИНКИ, на насоката за софтверско инженерство и информациски системи. Имам пасија да градам алатки, игри и креативни проекти.

Fires.mk е всушност мојот дипломски труд со кој дипломирав на факултетот. Идејата дојде кога бев практикант софтверски инженер во EarthCare.ai, компанија која работи со климатски податоци. Тука го открив нивото на загрозеност на природата од секакви непогоди, како и алатките за нивно следење.

 Која е основната техничка архитектура на fires.mk и кои се главните програмски јазици/технологии што ги користите за нејзин развој?

Fires.mk е веб-апликација развиена со .NET за backend, Angular за frontend, PostgreSQL за база на податоци и Leaflet.js за мапирање.

Како fires.mk ги добива податоците за актуелните пожари? Кои се примарните извори на податоци и дали процесот е претежно автоматизиран?

Fires.mk автоматски повлекува податоци од NASA која користи VIIRS сензори на сателитите S-NPP, NOAA-20 и NOAA-21 за детекција на пожари. Податоците се обновуваат редовно и процесот е целосно автоматизиран.

Kои методи или API-и ги користите за извлекување на информациите, на пример, од сателитски снимки или институции?

За извлекување на податоците се користи NASA FIRMS API, преку кој се преземаат сателитските податоци во скоро реално време за понатамошна обработка и визуелизација на fires.mk.

Како се прави валидацијата и верификацијата на собраните податоци пред да бидат прикажани на мапата?

Валидацијата и верификацијата на податоците се прават преку филтрирање и проверка на квалитетот на податоците добиени од NASA FIRMS. Прво, се отстрануваат дупликатите и невалидните записи, а потоа се применуваат геопросторни филтри за да се осигура дека податоците се во рамките на државата. Исто така, се користат прагови за сигурност и јачина на термалните аномалии за да се минимизираат лажните аларми. Иако апликацијата обезбедува високо ниво на точност, поради природата на сателитските податоци, некои помали пожари можат да останат недетектирани.

Кои се идните планови за fires.mk во однос на додавање технологии, извори на податоци или функционалности за корисниците?

Идните планови за fires.mk се насочени кон интеграција на нови извори на податоци, како што се сензори за квалитет на воздух и локални извештаи за пожари, за да ја збогатам информациската база, да се обезбеди побрза детекција на пожари бидејќи сателитските податоци можат да доцнат, и да се добие поширока слика за состојбата на животната средина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk