Интернетот против Мелиса Бекмен и ловџиите на диви животни

Интернетот застана во одбрана на животните, против ловокрадците и ловџиите кои ловат за спорт. Спорот започна по слика споделена на Twitter од Мелиса Бекмен која има долгогодишна кариера во ловење на диви животни за спорт, вклучувајќи ги и оние трофејни животни кои се наоѓаат во Црвената книга на загрозените видови.

Токму друштвените мрежи се катализатор на петицијата со која сега се бара на Мелиса Бекмен да и се забрани влез во Јужна Африка. Петицијата ја подржија над 380.000 луѓе, помеѓу нив медиумски личности, но и популарни личности надвор од филмската индустрија. „Мелиса Бекмен прави кариера од ловење на диви животни за спорт. Таа е апсолутна контрадикција на културата за конзервација, со која оваа земја се гордее.“, вели Елен Бурман, која ја започна петицијата.

Сепак гневните љубители на животните не застанаа тука, започнаа да испраќаат остри пораки до организаторите на ловот и се организираа на Facebook барајќи „Стоп за Мелиса Бекман“. Покрај ова покрената е петиција и барање до YouTube за отстранување на нејзините видеа, а минатата година National Geographic одлучи да ја одстрани од своето шоу Ultimate Survivor на барање на 15.000 љубители на животните.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments