Популарниот музички плеер од крајот на деведесеттите Winamp, пристигна до својот крај. По 15 години AOL објави дека од 20 декември ќе ја затвори Winamp.com, ќе престане да го развива медија плеерот, а нема ни да биде достапен за преземање од официјалната страна.
Креиран од Nullsoft во 1997 година, Winamp беше помеѓу најпопуларните MP3-плеери за Windows. Популарноста на MP3-фајловите брзо допринесе Winamp да стане омилен помеѓу корисниците. Плеерот е бесплатен, а корисниците кој ја купуваа Pro верзијата можат да го променат изгледот со дополнителни скинови. Девелопери на апликацијата се Џастин Франкел и Дмитри Болдирев.
За жал голем број на сервиси кои стримаат музика како Spotify, Rdio и Apple Radio допринесоа за се помал интерес, па ваквите апликации изгубија од функционалноста. Сепaк поради малите побарувања од процесорот дел од корисниците сè уште го користат. Засега е нејасно дали Winamp ќе биде достапен за легално преземање од сајтови на кој се споделува софтвер, но иако е бесплатен сепак Winamp е заштитен со авторско права што ја прави оваа опција помалку веројатна, пишува Register.







