5 коментари 1 мин. читање

Гејминг компанија е казнета со мил. долари бидејќи ги користела играчите за „фармање“ на биткоини

Е-Sport Entertainment Association (ESEA) од Калифорнија е казнета со 1.000.000 долари бидејќи ги злоупотребила компјутерите на 14.000 корисници за собирање на биткоини. Компанијата успеала во период од две недели да собере 30 дигитални монети кои сега вредат околу 17.000 долари, јавува Wired.

ESEA овозможува организира натпревари во Counter-Strike за играчите, на кои им нуди „anti-cheat“ софтвер за да ја подобрат нивната игра и ги намалува познатите мамења кои им овозможуваат да се здобијат со нефер предност. Сепак со кодот во април на корисниците им испорачале и малициозен софтвер. Дополнително, компанијата можела заразените компјутери постојано да ги набљудува.

„Обвинетите илегално нападнале компјутери на илјадници корисници без нивно знаење или дозвола. Со ова добиле можност да ја набљудуваат нивната работа, да ги користат компјутерите за собирање на виртуелна валута која има вистинска вредност или да ги нападнат и оштетат нивните компјутери.“, вели јавниот обвинител.

Компанијата ќе треба веднаш да исплати 325.000 долари, а остатокот доколку го повтори делото во следните десет години. Од E-Sport Entertainment Association велат дека нивен поранешен вработен е виновен за престапот, и дека работел без нивно знаење и дозвола.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top