{mosimage}Microsoft вчера ja објави првата "финална" верзија на Internet Explorer 8 наречена Release Candidate 1 (RC 1). На прв поглед, IE 8 RC 1 делува како стабилен, сигурен, подсреден и збогатен веб прелистувач, споредено со претходните верзии на IE.
Едни од поважните промени во новата верзија на Internet Explorer покрај подобрените перформансии, сигурност и опции за приватност, е опцијата наречена Compatibility View, која всушност новата верзија на прелистувачот ја "маскира" во верзијата 7 за сите оние сајтови кои се дизајнирани за постари прелистувачи, со што може овозможува сајтовите да се прегледуваат како што треба. Интересна е и опцијата InPrivate, која овозможува сурфање без притоа да се снимаат било какви информации на компјутерот или историја за сесијата.
Како што напоменав, оваа верзија сепак не е финална и сеуште содржи по некоја "мала" грешка, па така бидете внимателни доколку се решите да го користите прелистувачот. RC 1 верзијата на IE е достапна за Windows XP и Vista, додека верзијата за Windows 7 сеуште не е објавена.
Во продолжение следат неколку слики од новата верзија на IE, во случајов на мојот компјутер беше извршена транзицијата од IE 7 на 8… морам да напоменам дека процесот на инсталирање, типично за Microsoft, одзема премногу време и бара рестартирање на компјутерот.
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}






