Колку ви е важна приватноста?

во Статии

{mosimage}Разни информации за нас и нашите активности се наоѓаат во банките, болниците и владините компјутери, на интернет, на серверите на Google и Yahoo! за да можеме полесно да ги користиме нивните услуги, на Facebook или друга друштвена мрежа… практично нашите приватни информации се секаде. Затоа мора да постојат правила за нивно користење.

„Приватноста е мртва … преболете го тоа“ – Стив Рамбам (Steve Rambam), Pallorium, Inc. онлајн истражувачка компанија.

Но што вие може да превземете за тоа?
Денеска е 28 Јануари: Меѓународен ден за заштита на приватноста. Ова не е ден за славење на приватноста како човековото право, ова е ден кога луѓето мора да разберат дека приватноста е важна и како да ја сочувааат. Но пред се е ден кој треба сите да не мотивира да преземеме нешто. Неможете да се изолирате. Посебно не во овие ИТ времиња кога на секоја локација се наоѓаат сигурносни камери. Неможете да скриете информации. Посебно не од институциите. Ниту од интернетот. Посебно не во друштвени мрежи…

{mosimage}

Но можете да си ја сочувате приватноста.
Затоа приклучете се:
(активностите се предложени од the Public Voice, проект за заштита на приватноста и слободата на говор на интернетот, поставен од Electronic Privacy Information Center.)

1. Зачленете се во групата на Facebook „International Privacy Day – 28-01-2009“ и поканете ги познаниците да се зачленат и да се вклучат во кампањата.

2. Блогирајте на тема „28 јануари: Меѓународен ден за заштита на приватноста: реални проблеми, реални решенија“ (January 28: International Privacy Day. Real Problems, Real Solutions) и прославете ја годишнината од донесувањето на Конвенцијата за заштита на податоци.

3. Дискутирајте за вистински проблеми поврзани со приватноста (на пр. задржување податоци) и вистински решенија поврзани со приватноста (на пр. техники за нејзино зголемување).

4. Поканете и други блогери да пишуваат за 28 јануари и за вистински проблеми и решенија поврзани со приватноста. Поврзувајте ги постовите преку линкови.

5. На Facebook, објавете го линкот до настанот на вашиот профил (Share > Post to Profile).

6. Промовирајте со банерот „Privacy – January 28“.

7. Објавете видео-клип поврзан со приватноста на вашиот блог или профил.

8. Организирајте кампања во вашата заедница.

9. Гледајте филм за приватноста со пријателите. Некои од нив се „Гатака“, „Државен непријател број 1“, „Животите на другите“, „Орловско око“.

*преведено од официјалната страна на Public Voice, преводот е на Razvigormk.blogspot.com.

"Вистински заштитен систем е тој што е изгасен, фрлен во цементен блок и запечатен со олово во соба со вооружени чувари“ – Џин Спафорд (Gene Spafford), професор на Пердју Универзитетот, САД и водечки експерт за компјутерска сигурност.

{mosimage}

Што се однесува до информатичката технологија и интернетот, постојат многу опасности кои сериозно можат да ви наштетат. Затоа преземете мерки и заштитете ја вашата приватност:

  • Инсталирајте и користете анти-вирусни програми
  • Надградувајте го софтверот
    Секојдневно се пронаоѓаат сигурносни дупки во разни апликации кои многу често ги користиме и затоа од големо значење за сигурноста на системот е да го надградувате со последните стабилни верзии на софтверот кој го користите со што би биле заштитени од најновите закани
  • Обрнете внимание при читање на е-маилови и отворање фајлови
    Преку е-маил хакерите се обидуваат да дојдат до лични информации на корисници или пак да пренесат вирус претставувајќи се како некој што би можеле да го знете или пак како некоја реномирана организација или компанија. Секогаш кога ќе добиете е-маил, размислете од кого е овој е-маил, дали навистина го очекувате и дали треба да го отворите. Фајловите пратени преку е-маил задолжително скенирајте ги пред да ги отворите.
  • Користете огнен ѕид (Firewall)
    Огнениот ѕид е компјутерски програм кој има улога на чувар на компјутерот, односно го надгледува двосмерниот мрежен сообраќај и доколку е подесен правилно, го прегледува детално сообраќајот и утврдува дали е легитимен или не, притоа овозможувајќи или забранувајќи пристап до или од системот. За да го оствари сето тоа, огнениот ѕид го надгледува секој пакет кој е примет и испратен од Вашиот компјутер. Постојат разни верзии на огнени ѕидови, од кои можат да се најдат и некои бесплатни.
  • Правете бекап на важните фајлови
    Доколку имате некои податоци кои едноставно неможете да си дозволите да ги изгубите од разни причини, секоаш снимете ги на надворешна меморија, односно на ЦД, УСБ или надворешен хард диск драјв. Многу програми овозможуваат автоматски бекап локално, но многу подобро би било доколку го вршите тоа на надворешна меморија која ќе ја чувате на сигурно место.
  • Kористете добри лозинки
    Секогаш при користење на било каква услуга која содржи лозинка, обидете се да создавате силни лозинки кои само Вие би можеле да ги знаете. Еден мој пријател користеше лозинка „Arsenal", на крај се испостави дека тоа е една од 10 најкористени лозинки на Yahoo е-маил сервисот. Огромен број луѓе сеуште го користат датумот на раѓање како лозинка. Колку е тешко да се дознае вашиот датум на раѓање? Посебно ако користите друштвени мрежи? Изберете поинаква лозинка, но лесна за помнење.
  • Бидете внимателни кога инсталирате или превземате програми
    Бидете внимателни во превземање и инсталирање на фајлови од интернет, секоаш користете добро познати и сигурни извори и уверете се дека сте на вистинското место со подетално разгледување на сајтот.

Додатни линкови за меѓународни конвенции, совети, закони за заштита на приватноста:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments