0 коментари 1 мин. читање

Изберете ја соодветната колор шема со Kuler

{mosimage}Сите оние кои работат на создавање на сајтови и презентации, особено дизајнерите, знаат дека една од најтешките работи е да се усогласат боите кои ќе се користат, односно колор шемата на проектот. Adobe Kuler е бесплатна онлајн алатка која им овозможува на корисниците да изберат колор шеми кои ќе бидат соодветни за користење при дизајнирање на веб страни и слични графички проекти.

Kuler овозможува да се изберат до пет различни бои одеднаш на лесен и едноставен начин, а овозможува и подетално одбирање на бои. Откако ќе ја создадете соодветната колор шема, доколку ви се допаѓа истата може да ја снимите и експортирате за да ја користите во Photoshop, Dreamweaver, Flash… Навистина е корисно тоа што при одбирањето на боите, Adobe Kuler ви ги дава целосните информации и CMYK и RGB вредности.

{mosimage}

{mosimage}

Интересна е опцијата која овозможува споделување на колорните шеми при со останатите корисници кои можат да коментираат и да ги рангираат вашите дела. Дополнителна опција на Kuler е што може да импортирате слика директно од вашиот компјутер или пак Flickr, а од која програмот ќе ги извлече автоматски боите.

За да го пробате Adobe Kuler, линкот е: http://kuler.adobe.com

П.С. Adobe за програмот има развиено и десктоп апликација базирана на AIR, достапна за преземање на следниот линк.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top