Интернет бара нова игра за 74-годишниот гејмер

во Веб, гејминг

Крајот на една онлајн игра никогаш не е забавен за играчите, дури и ако долго не ја играат играта. Неодамна Asheron’s Call, MMORPG игра, најави дека по 17 години ќе ги затвори серверите, а оваа вест се чини најмногу погоди еден 74-годишен играч кој сега се обидува да пронајде нова занимација.

YouTube каналот на неговиот внук Wе Sleep Talk ја сподели приказната за својот дедо. Постот е толку популарен што на него се јави и Дејвид Боуман, креативен директор на Turbine, компанијата која ја изработи играта.

По најавата за затворање на серверите тие се обидуваат да пронајдат нова игра, а според изгледот на коментарите не недостасуваат препораки за игри. 74-годишникот започнал да игра во 1999 и оттогаш ја игра играта без престан. Има над 80 карактери, а на еден од омилените карактери има изиграно повеќе од 3 месеци. Сепак, најважно е што во текот на играњето се забавувал, и запознал луѓе од секаде.

Клучно за следната игра на дедото е заедницата. Бројот на онлајн игри во моментов најверојатно е поголем од било кога, но заедниците често не се пријателски настроени кон нови играчи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments