Интересен приказ за тоа како поминала вашата 2021 година со My Year in Review

во Веб, Софтвер

На глобално ниво, 2021 година ќе остане запаметена по многу работи. Корона, недостаток на новата генерација од конзоли, драстични поскапувања и ред други работи. Но, на ваш приватен план, како вие лично ја доживеавте годината?

My Year in Review е веб сајт кој има за цел да ви постави 12 прашања и во зависност од вашите одговори, да генерира интересен приказ кој подоцна можете да споделите на социјалните мрежи со вашите пријатели, односно следбеници. Некои од прашањата се исклучително едноставни, но некои навистина знаат да ве замислат. Сè е со цел да ги извлече највисоките и најниските точки од вашата година и да ве принуди да се замислите за работите што сте ги сакале, моментите што сте ги искусиле и лекциите кои сте ги научиле.

Кои се прашањата кои треба да ги одговорите за да добиете целосен извештај?

  • Со кое достигнување највеќе се гордеете
  • Кој е најголемиот предизвик со кој сте се соочиле
  • Омилена песна која постојано сте ја слушале
  • Омилен филм кој со задоволство сте го гледале
  • Омилена книга која ја променила вашата перспектива
  • Најдобра личност или уметник што сте го откриле годинава
  • Вештина која сте научиле
  • Како сте напреднале годинава
  • Што би сакале да направите во новата година
  • Како ќе ги остварите целите
  • Како би ја оцениле годинава
  • Како би ја именувале книгата која би ја напишале

Откако ќе ги одговорите прашањата, сè што треба да направите е да кликнете на копчето See your review за да вебсајтот го прикаже целосниот извештај заснован на вашите одговори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk