На CES 2013, Intel излезе со оптимистичко предвидување дека сите нови ултра-тенки лаптопи, или ултрабукови, кои ќе се појават годинава ќе имаат екрани на допир. Тоа што е значајно во изјавата на Intel е што тие ултрабукови, кои ќе работат на 4-та генерација на Core процесори, ќе чинат само 599 долари, што е поефтино од сегашниве ултрабукови кои чинат двојно повеќе.
Екраните на допир ја револуционизираа мобилната индустрија, првин со паметните телефони, а потоа со таблет компјутерите. Таквите екрани донесоа нов начин на интеракција со апликациите, а од неодамна го принудија и Microsoft да го редизајнира Windows 8 за да работи на допир, односно на таблет компјутери.
Прашањето кои индиректно се поставува е дали тие ултрабукови на допир ќе бидат конкуренција на лаптопите, или пак на таблет компјутерите кои, исто ако се земе пример Microsoft Surface таблетот, доаѓаат со вградена тастатура која е истовремено и покривка. Не треба да заборавиме дека Intel презентираше 13-инчен ултрабук кој е хибрид, односно десктоп компјутер кој станува таблет откако ќе се извади екранот. Интересно, во таблет модот 13-инчниот екран станува помал 11-инчен за полесно користење.
[youtube]6L0anvjxJ1Y[/youtube]