Valve и Xi3 на CES 2013 претстави своја конзола преку која ќе може да се играат видео игри од Steam. Kонзолата, наречена Piston, е доволно мала за да се носи во раката, што ќе им обезбеди на гејмерите да пристапат до сите свои игри кои ги имаат купено на Steam, но наместо на PC или лаптоп, ќе можат да ги играат на големите телевизиски екрани.
Ако се спореди со X7a компјутерите, според кои е моделиран Piston, тогаш може да се очекува конзолата да има 3,2 GHz процесор со четири јадра, интегрирана графичка картичка и до 8 GB DDR3 RAM. Покрај џековите за аудио, конзолата ќе има по четири USB 3.0 и USB 2.0 портови, два Mini Display портови и еден HDMI порт. Според Xi3, Piston е има 1 терабајт простор за да се складираат игрите. Нема официјална цена, иако некои ИТ блогови велат дека може да биде околу 1.000 долари.
[youtube]r-ox90oXq8c[/youtube]
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.