Пропусти во меморијата дозволуваат Windows Surface RT таблет компјутерот да се декодира и на него да се стартуваат десктоп апликации, јавува Verge. Слабоста ја открива @Clrokr кој вели дека станува збор за наследен пропуст во кернелот.
На таблет компјутерот ќе може да работат десктоп апликации но претходно ќе мора да се прекомпајлираат за ARM процесори. Како што потсетуваат експертите, за префрлање на десктоп апликациите најпрво ќе треба да се компајлираат „библиотеките“, а дури потоа самата апликација. Покрај ова ќе мора да се направат промени, бидејќи ARM не е моќен колку х86 процесорите.
Целта на Microsoft кога го ограничи RT на сопствени апликации e поради време траењето на батеријата. Десктоп апликациите несомнено ќе го земат својот дел од батеријата, што не е добро ни за компанијата, ниту за корисниците. Десктоп апликациите кои несомнено ќе се појават во почетокот ќе бидат поедноставни за да се заштеди на батеријата.