0 коментари 2 мин. читање 9 април, 2015

Intel смести RealSense 3Д камера во паметен телефон

Intel престави нова RealSense 3Д камера чии димензии овозможуваат да биде сместена во куќиште непоголемо од 6-инчен телефон. Сензорот со кој е опремена камерата овозможува фокусирање на подвижните делови, пример рацете или главата и потоа промена на фокусот откако е завршено со фотографирањето, јави BBC. Камерата Intel ја изработува со неименувана кинеска компанија, а за сега е во фаза на прототип.

„Уредот е наменет да ги покаже различните апликации, модели и форми во кој може да се интегрира RealSense технологијата со што ќе поттикне иновација“, вели Intel. Станува збор за технологија која е слична на Мicrosoft Kinect, иако значително помала, со што би се овозможило инсталирање на камерата во телефони како нова функционалност.

Intel не е единствената компанија која работи на оваа технологија, Dell со Venue 8, веќе има таблет кој ја има оваа функционалност, во 2-инчи поголемо пакување. Конкурентна технологија развиваат Pelican Imaging и SoftKinetic, првиот е стартап за 3Д-селфи фотографии, а вториот сака да ја интегрира технологијата во лаптоп компјутери.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top