Пиратскиот сервис Popcorn Тime се провлече и на iOS

За својот прв роденден, пиратскиот сервис Popcorn конечно е достапен на сите уреди. Креаторите на апликацијата објавија дека отсега Popcorn може да се инсталира и на iOS. За жал не станува збор за официјално преземање од AppStore, бидејќи Apple нема да дозволи пиратски апликации, туку за привремено решение. Но, Popcorn Time сега може да се инсталира на сите телефони, не само на jailbreak-уваните.

Развивачите на апликацијата, чиј софтвер е со јавно отворен код, велат дека добиле помош од друг девелопери да креираат iOS Installer за Windows, преку кој може да се инсталира апликацијата на iPhone и iPad. Но, анонимните развивачи, кои се кријат од властите поради очигледното прекршување на авторските права, сепак не сакаат да откријат како успеале да го надмудрат Appple.

Со оглед на тоа дека Apple не сака кога на нивните уреди се инсталираат апликации без потврда, најверојатно нема да помине премногу време пред Apple да направи нешто за да ја блокира апликацијата. Можеби поголем проблем е што вака инсталираната апликација не ги поминала ниту безбедносните тестови, па можеби и не е најпаментно да се инсталира.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk