Intel покажа нов, два пати побрз Thunderbolt интерфејс, кој, според најавата, ќе биде способен да пренесува податоци со брзина 20 Gbps во двете насоки. Од ова најмногу корист ќе има имплементацијата на Ultra HD 4К-телевизијата, бидејќи ваков пренос на податоци ќе овозможи пред се гледање на 4К-видео кое само што ќе почнеме да го „симнуваме“, известува Engadget. Технологијата е компатибилна со старите портови и кабли.
Thunderbolt е развиен од Intel во соработка со Apple, кој многу брзо ја прифатија на сите свои уреди, освен на Mac Pro Tower. Intel до 2014 година ќе го вгради новиот Thunderbolt хардвер, кој засега со работно име Falcon Ridge, во следната генерација на процесори. Првите модели со новата технологија би требало да се очекуваат до крајот на оваа година.
[youtube]WVIzCqwoxFo[/youtube]







