Се ближи крајот на Windows XP

во Софтвер

Microsoft најави дека остануваат уште 365 дена до прекинување на целосната поддршка за Windows XP, кој беше стартуван во 2001-ва година. Заедно со поддршката за XP, ќе биде прекината и поддршката за Office 2003. Интересно, XP е се уште еден од најпопуларните оперативни системи. Поточно, тој е втор најпопуларен ОС со 23 отсто од пазарот.

Што значи ова за корисниците и бизнисите? Вашиот Windows XP ќе продолжи да работи како и до сега, но разликата е што нема да добивате безбедносни закрпи или софтверки надоградби, како и техничка помош. За корисниците можеби не значи ништо посебно ако се земе во обзир пиратската култура и лесниот пристап до нови верзии. Но, бизнисите имаат што да изгубат. Ако ви се зезне софтверот, тогаш ќе мора самите да си го поправите. Ако најдат ранливости, тогаш сте оставени на самите себе. Последново е доста ризично, пред се, за компаниите чии машини работат на овој стар ОС. Препораката е секако да се префрлите на понови верзии на Windows 7 или Windows 8 (или друг ОС) кои ќе бидат закрпени на време.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments