Intel инвестира во лего принтер на 13-годишен пронаоѓач

во Свет, Хардвер

Intel инвестираше неколку стотици илјади долари во проект на 13-годишен пронаоѓач, Шубам Банерџи. Компанијата е импресионирано од евтиниот принтер направен од лего коцки кој Банерји го претстави во Белата Куќа кога имаше само 12 години јави Reuters.

Станува збор за Braigo принтер кој ќе им помогне на лицата кои не гледаат или имаа оштетен вид полесно да стигнат до пишани материјали. Најпрво корисникот го внесува текстот на тастатура која е поврзана со принтерот, потоа уредот го претвора во Браево писмо и со помош на деловите од Lego Mindstorm EV3 ги печати испакнатините на хартија.

[youtube]0YfnKB1zWOU[/youtube]

Стартапот на Банерџи сега веќе работи на следната верзија на принтерот кој ќе доаѓа со Edison чип од Intel и 3Д-испечатени делови. Новата верзија ќе троши помалку енергија, а ќе дојде и со доплнителна функционалност, на пример можност за префрлање на вестите од омилената агенција секое утро директно од телефонот или таблетот во испечатена верзија за луѓето со проблеми со видо. Шубам Банерџи се надеава дека Braille 2.0 нема да чини над 350 долари, а со тоа ќе им биде достапен на повеќе корисници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments