Најголемиот производител на процесори Intel, ја купува компанијата Movidius. Процесорите на стартапот им овозможуваат на паметните уреди да ја гледаат и да се прилагодат на околината.
Movidus е помала компанија која има околу 180 вработени, а работи на технологија која на паметните уреди им овозможува да „гледаат“. Intel сака оваа технологија да ја интегрира во RealSense. Movidus е една од компаниите со најмногу искуство на ова поле. Во периодот кој доаѓа сѐ поголем дел од уредите ќе бидат паметни и потребата од овие сензори ќе биде поголема.
Дополнително Intel неодамна го претстави и својот уред за виртуелна реалност, а можноста за мапирање на околината ќе овозможи поинтересно искуство. Истовремено и во овој уред главен елемент е RealSense камерата, која се користи за следење на движењето.
„Сакаме да ја вметнеме технологијата во нашите уреди за проширена, виртуелна и споена реалност; во дроновите; во роботите; дигиталните безбедносни камери. Процесорите на Movidius одлично се надополнуваат со камерите RealSense, со што нудат нови можности за нашите уреди.“, вели Џош Валден на блогот на Intel.
Дел од уредите кои ги користат процесорите на Movidus се Project Tango уредите и дроновите на DJI. Project Tango е проект на Google, кој овозможува со телефони и таблет компјутери скенирање и мапирање на околината. Поновите уреди доаѓаат со различни процесори, но процесорите во првите уреди доаѓаа од Movidus.
Чиповите на компанијата се користат во дронот Phantom 4 на DJI и овоозможуваат леталото да ги „гледа“ и избегнува пречките.