Задоцни со телефоните, но Intel сега влегува во виртуелната реалност

Avatar img-thumbnail img-circle

во Останато

Intel нема намера со виртуелнaта реалност да ја повтори грешката која ја направи со паметните телефони. Компанијата малку подоцна од конкуренцијата го претстави својот сет за виртуелна реалност Project Alloy. Сепак технологијата е во зародиш и имаат уште доволно време.

Споената реалност како што Intel го нарекува својот проект овозможува интеграција на околината во компјутерски генерираниот свет. Според ова технологијата се чини поблиска до HoloLens, отколку до Oculus Rift.

„Споената реалност ќе овозможи поприроден начин на интеракција и манипулација во виртуелната средина… Грабнете го ракетот за тенис во дневната соба и зачекорете на теренот во Вимблдон. Заборавете на цената и морничавоста на сензорите во секој агол. Наместо ова само вежбајте го вашиот бекхенд, со раката и ракетот директно во вашето видно поле. Наведнете се напред или назад, пружете раце нагоре или надолу, наведнете се лево или десно, уживајте во целост во 6 степени на слобода, потполна слобода во движењето.“, вели директорот на Intel, Брајан Крзанич, на својот Medium блог.

Најголема предност на Project Alloy пред конкурентите секако е во можноста за движење насекаде, без потреба од кабли или сензори кои чинат и ја нарушуваат приватноста. Конечно се чини дека Intel има план да го дигитализира светот, па корисниците ќе можат да посетуваат локации и настани кои се далеку, а истовремено ќе можат да го гледаат настанот од повеќе локации.

Кој сè потврди дека работи на уреди за виртуелнa реалност досега?

Покрај Oculus со кој и почна револуцијата и борбата за виртуелна реалност, досега свои уреди најавија и HTC во соработка со Steam ќе го издаде Vive; Microsoft кој го најави HoloLens уредот за проширена реалност; Sony и Playstation VR кој доаѓа на 13 октомври; Apple најави уред за проширена реалност; а и главниот конкурент на Intel, AMD најавува сет за виртуелна реалност.

Intel сепак нема да го продава уредот

Компанијата најави дека нема самите да го продаваат уредот. Технологијата ќе им биде понудена на производителите следната година, но тие нема да го произведуваат и продаваат уредот. Intel сепак произведува доволно електроника за да заработи. Пример се камерите RealSense кои се клучен дел за следење на рацете и прстите на корисникот, кој овозможува интеракција и манипулација во виртуелниот свет.

Krzanich_keynote-74-690x460_c

(Credit: Intel Corporation)

Сè ова изгледа и премногу добро…

Најголем недостаток на рекламите за уреди како HoloLens и сега Project Alloy, е што рекламата презентира виртуелна реалност во целото видно поле на гледачот. За жал, во реалноста, засега уредите имаат многу поограничени можности. Така прототипот на Intel овозможува корисникот да ги следи рацете кога се пред него, а не и во целото видно поле. Слични се и можностите на HoloLens.

Intel’s Craig Raymond displays the Project Alloy virtual reality headset during the Day 1 keynote at the 2016 Intel Developer Forum in San Francisco on Tuesday, Aug. 16, 2016. Intel CEO Brian Krzanich’s keynote presentation offered perspective on the unique role Intel will play as the boundaries of computing continue to expand. (Credit: Intel Corporation)

(Credit: Intel Corporation)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
3 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] истата грешка повеќе да не ја повтори. Минатата година компанијата ја претстави својата верзија на проширена…, а сега се вклучува и на пазарот за автономни […]

trackback

[…] време има повеќе. Компаниајта неодамна ја претстави и својата идеја за виртуелна реалност. Намалената продажба на компјутери и компненети […]

trackback

[…] Intel неодамна го претстави и својот уред за виртуелна реалност, а можноста за мапирање на околината ќе овозможи […]