0 коментари 1 мин. читање

Intel ги претстави Ivy Bridge процесорите на кои ќе работат околу 110 различни лаптопи

Неколку недели откако ја претстави третата генерација на Core процесорите за десктоп компјутери, наречени Ivy Bridge, Intel сега ги најави и 14-те мобилни чипови наменети за лаптопите.

Intel вели дека овие процесори со две јадра и ултра-ниска волтажа ќе се појават на околу 110 различни лаптови. Околу 30 од тие лаптопи ќе бидат со екран на допир, оптимизирани за користење на Metro интерфејс на новиот Windows 8, околу 10 се со конвертибилен дизајн, односно хибриди меѓу лаптоп и таблет компјутер, а некои од лаптопите ќе бидат со привлечна цена од околу 700 долари.

Според Intel, новите Mobile Ultra процесори ќе се користат за ултра тенки лаптопи кои ќе имаат батерија што трае над 5 часа, ќе се будат од „спиење“ за само 7 секунди, ќе бидат „паметни“, односно ќе ги стартуваат побрзо апликациите кои најчесто се користат, и ќе имаат поддршка за USB 3.0 и Thunderbolt.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top