0 коментари 1 мин. читање

Закажете си Facеbook постови и до 6 месеци однапред

Конечно администраторите на фан страните ќе можат да закажат Facebook постови на секои десетина минути и до 6 месеци однапред, пишува Prettyklicks.

Oва ќе овозможи полесно распоредување и менаџирање на содржината на фан страната, но процедурата за закажување иако е едноставна, во моментов е и малку досадна. Ако користите друга апликација за закажување на постовите, пример Hootsuite, можеби е подобро да продолжите со неа се додека Facebook не ја подобри својата опција.

Првин потребно е да поставите време кога е основана компанијата или стартувана странта. Потоа со кликање на малото саатче од левата страна подесувате кога да се постира. Закажаните постови ќе ги најдете во Activity Log. Секако освен во блиската иднина, оваа опција може да ја искористите и да си креирате минати постови со цел полесно и подобро да ја објасните компанијата, и да ги одбележите значајните моменти на фан страната.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top