Европската комисија започна истрага за Uber, односно дали такси сервисот прекршува некој од условите за превоз на патници. Истрагата ќе започне во септември, и во моментов тимовите ги прибираат законските решенија за такси превоз од државите членки на унијата. „Комисијата ќе започне студија во септември за анализа на пазарот за такси превоз и шофери во државите членки. Анализата ќе овозможи неопходни информации за Комисијата да одлучи дали има потреба од реакција“, вели Јакув Адамович за Parliament.
Такси превозниците велат дека Uber не ги исполнива условите да може да понуди такси превоз, а Uber вели дека тие не се превозник туку дигитална платформа. Како таква Uber единствено ги поврзува возачите со корисниците на кои име потребен превоз, па немаат никаква одговорност кон квалитетот на превозот и возачите. Неплаќањето на таксите и даноците, кои ги плаќаат такси превозниците овозможува Uber да биде далеку поконкурентен.
Одлуката на комисијата ќе биде од клулна важност за иднината на Uber во Европа, доколку комисијата одлучи дека станува збор за дигитален сервис, тогаш најзините одлуки се обврзувачки за сите членки на Унијата. Доколку Uber е прогласен како превозник, тогаш секоја од државите членки може да ја регулира нивната работа, според сопствените закони.