2 коментари 1 мин. читање

Instagram за прв пат го откри бројот на активните корисници

Instagram ги објави своите статистики за прв пат по две години, со цел да ги смири шпекулациите дека голем број на незадоволни корисници ја напуштиле мрежата, револтирани од новите контроверзните правила за авторско право.

Но, статистиката оди во корист на Instagram. Околу 90 милиони корисници закачуваат слики секој месец. Основачот Кевин Систром вели дека мрежата всушност забележува раст ширум светот, иако 90-те милинони активни корисници се значително помалку од 100-те милиони регистрирани корисници кои мрежата рече дека ги имала уште во септември.

Instagram вели дека 90-те милиони активни корисници споделуваат по 40 милиони фотографии на ден, имаат 8.500 лајкови во секунда, и 1.000 коментари во секунда. Ова се навистина импресивни бројки за две годишен стартап кој неодамна беше купен од Facebook за нешто над 800 милиони долари.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top