YouTube т.е. Google планира да купи дел во музичкиот видео сајт VEVO за да може сите музички хитови да ги промовира на YouTube. VEVO е компанија која е основана во 2009 година како спој на Sony Music, Universal Music и Abu Dhabi Media, и за брзо време стана една од поголемите конкуретни, но и стратешки партнер на YouTube.
Договорот кој би требало да се постигне е една третина од приходите во иднина да одат кај YouTube. VEVO во 2011 година заработи 150 милиони долари, додека во 2012-та имаше скоро 300 милиони долари заработувачка. Договорот помеѓу YouTube и VEVO истече на крајот на минатата година и очекувано беше оваа нивна соработка да продолжи. Голем дел од спотовите на авторите кои имаат договор со студијата зад VEVO се веќе достапни на YouTube. Ваквата соработка меѓу двата сервиси им оди во полза и на двете страни . Официјалните видеа го решаваат проблемот со авторски права на YouTube, им носат публика на студијата и на видео сервисот, а на корисниците им се нуди поквалитетно видео.
Купувањето сè уште не е комплетирано, вели Питер Кафка од All Things D, но со сигурност оваа инвестиција на Google ќе биде поголема од 35 милиони долари, колку што потроши компанијата за купувањето на Machinama.







