Apple: Не правите игра за да ја критикувате религијата, подобро напишете книга на таа тема

во Софтвер

Apple не верува дека едноставна игра може да се справи со сериозни теми како религија и секс. Компанијата ги советува програмерите дека подoбро е да напишат книга за темата, односно медицинска апликации, бидејќи таквите сериозни теми бараат повеќе внимание.

„Ги разгледуваме апликациите поразлично од книгите и песните, кои не ги прегледуваме. Ако сакате да ја критикувате религијата, напишете книга. Ако сакате да го опишете сексот, напишете книга или песна, или креирајте медицинска апликација. Може да стане комплицирано, но ние одлучивме да не дозволиме одредена содржина во App Store“.

Оваа препорака, заедно со уште многу други, стои во правила за App Store кои може да ги прoчитате тука. Правилата се „во сила“ веќе неколку години, но тоа што ја отвори темата деновиве е што Apple забрани неколку игри кои се однесуваат на актуелни религиозни и политички конфликти. Неодамна Endgame: Syria беше одбиена од Apple бидејќи е направена за војниот конфликт на Средниот Исток. Стратегија која ги истражува можните завршници на актуелната војна беше позитивно прифатена од играчите и некои медиуми, но според Apple, тоа е против правилата бидејќи „таргетира култура и вистинска влада“. Endgame: Syria е HTML5 игра, што значи дека може да ја играте и преку прелистувач на iOS.

Дел од развивачите на iOS игри се согласуваат со Apple. Kреаторот на Braid, Џонатан Блоу, дека иако Apple зазема погрешен став околу игрите, дел од вината лежи и кај развивачите кои прават едноставни комерцијални игри кои не можат да се справат со јавниот дискурс и посериозни теми.

„Ако изградиме свет каде видео игрите секојдневно ќе зафаќаат сериозни теми на начин што ќе ги засегне луѓето, тогаш Apple не би можел да зазема таков став бидејќи не би имало смисла.“, вели г. Блоу.

Venture Beat пишува дека правилата на Apple се едноставни, поконверзациски напишани за да бидат сфатени од поголемиот дел развивачи. Така тој пасус за религијата и сексот е можеби само предупредување од Apple дека контроверзните теми кои можат да ги вознемират корисниците ќе бидат ставени под лупа, и најверојатно одбиени. Но, блогот исто така вели дека можеби Apple има двојни стандарди бидејќи дозволува слободно да се објавуваат контроверзни книги, како да не верува дека игрите можат да бидат добра алатка за критика.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk