7 коментари 1 мин. читање

Дали највиралното YouTube видео на сите времиња ќе спречи интернационален убиец?

Највиралното YouTube видео историјата за чудо не припаѓа на некоја позната личност или популарен производ, туку на лидер на бунтовничка група од Уганда.

Kony 2012 е 30-минутно документарен филм за Џозеф Кони, лидер на Армијата на господовиот отпор од Уганда, кој е баран од Интернационалниот криминален суд за убиствa, силувања и малтретирање на деца. Целта на евладината организација Invisible Children, која стои зад видеото, е да го направи Кони „познат“ пред светската јавност и да му ги разоткрие криминалните дела.

Kony 2012 e објавено на 5 март до сега е прегледано над 70 милиони пати, што го прави највирално видео на сите времиња, вели компанијата за онлајн анализи Visible Measures Corp.

Славата на видeото делумно помогна да се оствари целта. Властите во Уганда ветија дека ќе го фатат Кону жив или мртов. Дополнителен притисок врз нив дојде и од американскиот претседател Барак Обама. Но, сега за сега, Кони останува на слобода.

[youtube]Y4MnpzG5Sqc[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top