Instagram ја награди апликацијата за iOS и на Android со 10 нови алатки и филтри со кои им овозможат на своите корисници да бидат покреативни со своите фотографии, без да доплаќаат за други апликации за едитирање на фотографија.
Во интервју за Techcrunch, Кевин Систром, ко-основачот на Instagram, откри дека дел од размислувањата зад новата верзија на апликацијата се добиени од фидбекот на корисниците кои сега „посуптилно ги користат филтрите“. Сега можете да додадете малку sepia во Valencia, не мора да претерувате, објаснува г. Систром. Корисниците ќе забележат дека измените се потскриени и не се забележуваат веднаш, што е и намерата на Instagram – да не ги препотоваруваат корисниците со стотици опции, но за хардкор инстаграмџиите да можат да ги пронајдат и уредат своите слики.
Новитети во апликацијата се следниве алатки:
- Filter Strength за да се засили или ослаби ефектот кој го генерира филтерот кој го употребува во фотографијата.
- Adjust кој овозможува сечење а со тоа и центрирање и поправање на фотографијата.
- Brightness како што кажува иметео му дозволува на корисникот да ја осветли, односно затемни фотографијата. Contrast, слично како и кај телевизорите на пример, го прави рабовите појасни, со тоа што светлите делови ги прави посветли, а темните потемни. Highlights и Shadows ја променува осветленоста на фотографијата во светлите односно темните делови на фотографијата.
- Warmth овозможува промена на спектарот кон потопли портокалови тонови или поладни сини тонови.
- Saturation го зголемува или немалува „пигментот“ во бојата, така црвената стануца поцрвена, а жолтата пожолта.
- Vignette со затемнување на рабовите на сликата го фокусира вниманието на набљудувачот кон центарот на фотографијата.
- Sharpen ја изострува сликата и ја прави почиста.
Доколку токму овие промени го очекувавте од Instagram, верзијата 6.0 веќе е достапен во Google Play и App Store, па можете да го грабнете телефонот и да почнете да фотографирата и да ја уредувате сликата, сега без речиси никакви ограничувања.







